Францускиот шампион ПСЖ го освои трофејот во Суперкупот, откако беше подобар од Нант со убедливи 4-0.
Аргентинската ѕвезда Лионел Меси го отвори резултатот во 22. минута, а водството на парижаните го зголеми Нејмар од слободен удар во судиското надополнување на првиот дел.
Серхио Рамос погоди за 3-0 во 57. минута, додека победата ја запечати Нејмар од пенал во завршницата од натпреварот.