Италијанскиот шампион Милан славеше со 2-0 против Олимпик Марсеј на „Велодром“ во пријателски меч пред почеток на новата сезона.
„Росонерите“ двата гола ги постигнаа во првото полувреме и тоа по лошите интервенции на одбраната на францускиот клуб.
Жуниор Месиас го отвори резултатот во 11. минута, кога погоди за 1-0, по што му асистираше на Оливие Жиру во 28. минута за победа од 2-0.