Фудбалерите на Шкотска и Швајцарија ги поделија бодовите играјќи реми 1-1, двата гола беа постигнати во првото полувреме, а тој на Џердан Шаќири беше екстра гол.

По победата над Унгарија во првото коло, Швајцарија освои бод против Шкотска кој веројатно ќе им биде доволен за да се пласира во осминафиналето на Европското првенство.

Бодот носи надеж и за Шкотланѓаните кои во последното коло ќе треба да ја победат Унгарија.

Шкотска подобро го почна дуелот, во 13. минута со гол на Скот Мектоминеј со помош на Шер дојде во водство од 1-0.

Но, предноста не траеше многу долго, во 26. минута Шаќири постигна прекрасен гол за израмнување на 1-1.

До крајот на мечот и двете селекции имаа шанси, на Швајцарците им беа поништени два гола поради офсајд, а Шкотланѓаните ја погодија стативата.