Екипата на италијанскиот гигант Јувентус од Торино, имаше неуспешна генералка пред новата сезона во Серија А, доживеа пораз во контролен дуел против Атлетико Мадрид (0-2) на стадионот „Гамла Улеви“ во шведски Гетеборг.
„Бјанконерите“ излегоа на терен со речиси најдобриот тим, но играта беше загрижувачка. Само еден шут во рамки на голот на Атлетико беше билансот на оваа средба, па екипа како мадриѓаните кои важат за тим со офанзивна артилерија не го прости тоа.
По првото полувреме без голови и иницијатива на Атлетико, резултатот беше отворен во 48. минута, кога Жоао Феликс доби топка од Лино и така донесе предност за својот тим. Иако Атлетико направи повеќе измени, точка на победата стави Кореа во 85. минута од пенал.
Ова беше последен меч и за Атлетико и за Јувентус затоа што сезоните стартуваат следниот викенд.