Хитот во шпанското првенство Жирона со погодокот на Ерера во судиското продолжение со 1-0 триумфираше над Селта и го запоседна врвот во Ла Лига каде може да остане доколку Реал Мадрид не ја победи Барселона.

Кога сите мислеа дека на натпреварот ќе нема голови, Ерера погоди во 91. минута за победа на Жирона од 1-0 над Селта.

Жирона со 28 бодови е на чело на табелата во Ла Лига. Имаат три бода повеќе од Реал Мадрид и четири од Барселона кои утре имаат меѓусебен дуел во Ел Класико.