Кошаркарскиот клуб Партизан по осум години пауза се враќа во Евролигата.
Партизан и Валенсија ги немаше на списокот со учесници во Еврокупот за следната сезона .

Суспензијата за руските тимови – ЦСКА Москва и Зенит од Санкт Петербург беше донесена на Управниот одбор на Евролигата, а како што пренесува специјализираниот „Баскет њуз“, 7 од 11 клубови со „А“ лиценца гласале за.

Тоа значи дека наместо Русите ќе бидат поделени две специјални покани, кои им беа доделени на Партизан и Валенсија, како што беше и официјално потврдено набргу потоа.

Тоа ќе биде прва сезона за црно-белите во елитното клупско натпреварување од 2014 година, додека шпанскиот тим ќе се врати по пауза од една сезона.

Бордот на Евролигата заседаваше денеска, четврток, 16 јуни.

Евролигата за сезоната 2022/23 би требало да изгледа вака:

Анадолу Ефес
Реал Мадрид
Барселона
Олимпијакос
Монако
Олимпија Милано
Баерн Минхен
Макаби Тел Авив
Фенербахче
Црвена звезда
Баскија
АСВЕЛ
Алба
Панатинаикос
Жалгирис
Виртус
Партизан *
Валенсија *