Името Рајан Пенистон не им значи многу на оние кои не се љубители на тенисот, но тој го обиколи светот во последните денови поради една убава приказна која веќе има среќен крај.
Рајан Пенистон (26) од самото раѓање поминал низ тешка животна битка. Како дете му бил дијагностициран рак на меките ткива кој често ги погодува бебињата, проследен со жестоки борби, хемотерапија и операција на туморот.
Тоа беше период од животот за кој Пенистон стана посвесен кога порасна.
„Тешко е да се гледа тој период. Не се сеќавам на ништо кога бев помлад, а кога бев дете не знаев толку многу за ситуацијата. Дури во последните 10 години се заинтересирав и моите родители ми зборуваа.Ми дава многу сила кога ќе погледнам наназад“, изјави Пенистон за АТП турнејата.
Овој 26-годишник го живее својот сон. И покрај тешката животна приказна, тој исполни голема цел и дебитираше на АТП турнејата на 26 години. Неговиот Лондон му даде специјална покана да учествува на турнирот бидејќи нема доволно добар пласман за настапи на АТП турнирите.
Дебито помина спектакуларно. Во првото коло на АТП 500 турнирот во Лондон, славниот Квинс го доби петтиот играч на светот Каспер Руд, приредувајќи една од најголемите сензации во годината.
Хемотерапијата оставила свој белег, но му помага кога ќе се сети низ што поминал.
“Хемотерапијата влијаеше на мојот раст. Бев навистина мал. Други луѓе можеа да сервираат кога имаа 14 години, јас сè уште не можев. Кога имам напорен ден, се сеќавам дека буквално не бев тука пред 25 години”, рече Пенистон.
26-годишникот успешно се опорави, но со години користи многу остри лекови кои оставаат трага.
Пенистон утре ќе се обиде да продолжи со бајката во својот Лондон. Негов ривал во осминафиналето ќе биде Франциско Серундоло, Аргентинецот кој е 46. играч во светот.
Продолжение на убавата приказна ќе биде тоа што Рајан Пенистон доби специјална покана од организаторите (вајлд-карта) за учество на најголемиот турнир во светот на тенисот Вимблдон.