Арсенал триумфираше на пријателски натпревар против Баер Леверкузен  убедливо со 4-1 (3-0). Пресметката меѓу англискиот вицепрвак и германскиот шампион се одигра на „Емирати“ во Лондон во рамките на последните подготовки пред стартот на сезоната.

 

Микел Артета и Чаби Алонсо уште од првата минута тргнаа со релативно силни состави. Арсенал уште во осмата и деветтата минута дојде до двојна предност. Олександр Зинченко го отвори резултатот, а веднаш по него погоди и Леандро Тросар, двајцата по асистенции од Хаверц.

Пред полувремето на убедливи 3-0 успеа да зголеми бразилскиот напаѓач Габриел Хесус. Во продолжение следеа доста измени на двете страни и темпото на игра опадна. Четвртиот гол во германската мрежа беше дело на двојниот асистент Каи Хаверц во 65. минута, а конечните 4-1 ги постави Хложек во 76. минута.

До крајот на припремите и почетокот на сезоната во Премиер лигата Арсенал ќе има тест уште со Лион, додека Баер ќе се судри со шпански Бетис.