Холандскиот Ајакс најавува дека оваа сезона полека почнува да се буди и повторно ќе биде одличен и во Европа и во холандскиот шампионат. Ајакс успеа да слави на тешкото гостување во Атина против Панатинаикос со 0-1. Стрелец за холандскиот тим беше Стивен Берхуис во 28.минута.

Белградски Партизан после двата убедливи порази од Динамо Киев, продолжува со порази во Лига Европа. Лугано успеа да победи во Белград со 0-1, со голот на Матиа Заноти во 73.минута.

Трабзонспор беше непријатно изненаден од екипата на австрискиот, Рапид Виена (0-1), а Молде беше убедлив против Серкл Бриж (3-0). Борац Бања Лука загуби со 2-1 од Клаксвик. Дамјан Шишковски беше на голот на Борац, а Себастијан Херера доби црвен картон уште во 33.минута.