Скандалозен финиш доаѓа од Германија, каде екипите на ФСВ Франкфурт и Елверсберг одиграа реми, кое им одговараше на двата тима.
Последните дванаесет минути од натпреварот поминаа во рутинско додавање на гостинските дефанзивци. Нивните противници не се осмелија да ги нападнат, па тоа доведе до осуда од фудбалската јавност.
Елверсберг со бодот се пласира во третата лига, а ФСВ Франкфурт успеа да го обезбеди опстанокот. По конечниот судиски свиреж фудбалерите на двете екипи заедно го прославија нерешениот резултат.
Првите луѓе на двата тима јавно се правдаа и порачаа дека било кој да се најдел на нивно место ќе го направел истиот потег.