Илкај Гундоган, потпиша договор со Барселона и веќе може да се смета за играч на Каталонците, пренесува „Мундо Депортиво“.
32-годишниот германски интернационалец денеска во Минхен ги помина лекарските прегледи и потпиша договор со шпанскиот шампион. Тој е потпишан на две сезони, со опција за уште една дополнителна сезона.
Гундоган, чиј договор со Манчестер Сити истекува на 30 јуни, денеска во Германија се сретна со неговиот агент и директор на фудбалската Барселона на Барса, Матео Алемани.
Ilkay Gündogan to Barcelona, here we go! Final approval arrived on club side to register him as new signing, green light from the player. It’s done deal, signed few minutes ago. 🚨🔵🔴 #FCB
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 21, 2023
Gündogan has agreed a two year deal valid until June 2025 with option for further year. pic.twitter.com/Gr467hNBms
Германскиот репрезентативец ќе игра за Барса до јуни 2025 година, со опција за продолжување до 2026 година, под услов да одигра повеќе од половина натпревари во втората сезона. Се очекува Барселона наскоро и официјално да ја објави својата нова аквизиција.
Играчот од средниот ред имаше понуда од Манчестер Сити да остане во клубот, но понудата беше само за една сезона плус опција за уште една, што на фудбалерот воопшто не му се допадна. Во Барселона ќе добива 9 милиони евра годишно, а ослободителната клаузула ќе изнесува 500 милиони евра.