Најдобрите 16 фудбалски репрезентации од Европа од денес, па сè до 8 јули ќе се натпреваруваат за трофејот од Европското првенство за фудбалери до 21 година кое се одржува во Романија и Грузија.
Првенството започнува денес, со четири натпревари, а на терен ќе истрчаат и фудбалерите на најголемиот фаворит за освојување на шампионатот, Шпанија. Тие за противник го имаат еден од домаќините на Европското првенство, селекцијата на Романија. Сепак, и покрај тоа што играат на гостински терен, репрезентативците на Шпанија се големи фаворити.
Денес својот прв натпревар ќе го одигра и финалистот од последното Европско, репрезентацијата на Португалија, која за противник ќе го има вториот домаќин, Грузија.
На останатите два натпревари ќе играат Белгија – Холандија и Украина – Хрватска.
Титулата ја брани репрезентацијата на Германија, која пред две години во финалето ја совлада Португалија со 1-0.