Поранешниот фудбалер на Ливерпул одлично се снајде во Бирмингем и на 15 средби постигна четири гола и имаше три асистенции, со што го „примора“ тренерот Стивен Џерард да се бори за негово останување во Премиер лигата. Барса на крајот попушти и речиси сигурно ќе ѝ дозволи на Астон Вила да го откупи неговиот договор за сума од 21 милиони евра.
Кутињо во дресот на каталонскиот тим одигра 106 средби, најголем дел од нив влегувајќи од клупата, поради што изрази желба да се врати во Англија каде што го играше најдобриот фудбал во кариерата.