Екипата на Манчестер Сити во јунското финале во Истанбул ја комплетира најуспешната сезона во историјата, освојувајќи го и трофејот во Лигата на шампионите. По првпат во својата историја „граѓаните“ од Манчестер станаа европски првак, а со тоа ја комплетираа и фамозната „триплета“ (трофеи во Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите).
Четата на Пеп Гвардиола сосема заслужено ја покори Европа, победувајќи во групата со Борусија Дортмунд, Севиља и Копенхаген. Потоа во првата нокаут рунда со огромни 8-1 го исфрли германскиот РБ Лајпциг, а потоа во четвртфиналето и полуфиналето ги доби двомеч дуелите со гигантите германскиот Баерн Минхен и шпанскиот Реал Мадрид, исто така на убедлив начин. Во мечот за трофејот во Истанбул на патот се обиде да им застане италијанскиот Интер. „Нераѕурите“ пружија солиден отпор и се бореа против фаворитот, меѓутоа Родри го реши финалето со единствениот погодок.
„Кралицата на Лига Европа“ екипата на Севиља одново ја покори конкуренцијата во ова натпреварување. Започна од групите на Лигата на шампионите, но екипата од Андалузија се префрли на „свој терен“ во нокаут фазата.
Севиља на патот кон трофејот ги исфрли ПСВ Ајндховен и Фенербахче во првите две фази, а потоа и гигантите Манчестер Јунајтед и Јувентус. Натпреварот за трофејот беше пресметка против Рома на Жозе Мурињо, а таму победи после продолженија.
Вториот првак во Конференциската лига беше екипата на Вест Хем. Англискиот клуб одигра убедлива сезона во која забележа само еден нерешен исход, а победи на сите други натпревари.
Вест Хем во нокаут рундата ги исфрли АЕК Ларнака, Гент и АЗ Алкмар, а во финалето беше подобар од италијанска Фиорентина.