Бенфика го порази саудискиот Ал Наср со 4-1 во пријателски натпревар на кој португалскиот тим ја оправда фаворитската улога и потврди дека во Европа сепак се игра поквалитетен фудбал отколку во Саудиска Арабија.
Орлите од Лисабон првото полувреме го играа во најсилен состав, па по првите 45 минути резултатот беше 3-1, со гол на повратникот Анхел Ди Марија и два гола на Гонсало Рамош. На Ал Наср не му помогна ни тоа што Кристијано Роналдо одигра 84 минути.
Голот на Ди Марија со кој беше отворена голеадата:
https://twitter.com/brfootball/status/1682123030145769472?s=20