Вториот тенисер во светот го победи Феликс Огер -Алијасиме во полуфиналето со 6: 4, 7: 5, 6: 2 и за титулата ќе игра со подобриот играч од натпреварот Ѓоковиќ – Зверев, кој се игра в сабота ноќ
Само еден брејк му беше доволен на Русинот за првиот сет, но тој имаше многу повеќе проблеми во вториот. Канаѓанецот направи брејк во шестиот гем и поведе со 5: 2, а на сервис за сетот имаше две сет топки кои не ги искористи. Медведев се врати, направи два брејка и потоа рутински го заврши сетот.
Во третиот сет Канаѓанецот немаше шанси и по само дваесет минути загуби со 4: 1 со два брејка заостанување и Медведев дојде до победата. Русинот мечот го заврши со 37 винер поени и 25 неизнудени грешки, и освои дури 81 процент од поените на првиот сервис. Огер-Алијасиме имаше дури десет двојни грешки и вкупно 39 неизнудени грешки.
Да потсетиме, во финалето на женскиот турнир ќе играат две тинејџерки, 19-годишната Лејлах Фернандез и 18-годишната Ема Радукану, кои стигнаа до финалето од квалификациите.