Шпанскиот репрезентативец Едуардо Гурбиндо беше најавен како вистинско решение за лев бек, позиција која по заминувањето на Кристопанс е проблематична. Сепак Шпанецот експресно ќе го заврши престојот во таборот на македонскиот првак. Тој веќе има начелно договорено преселба во Динамо Букурешт, каде ќе замине на барање на тренерот Чави Пасквал, со кого своевремено успешно соработуваше во Барселона.
Гурбиндо не ги оправда големите очекувања на подготвителните и натпреварите од Сеха лигата. Токму тоа е причината поради која и Вардар е подготвен да даде зелено светло за неговата преселба во Романија, се со цел да се ослободи од еден од играчите со „најдебели“ договори во клубот.