Рускиот тенисер Данил Медведев од овој понеделник повторно е на првото место на АТП листата.

Медведев го освои првото место на турнирот во Хале, каде од домаќините доби специјален подарок во вид на торта број еден.

Рускиот тенисер по втор пат го симна од првото место Новак Ѓоковиќ. Тоа се случи за прв пат во февруари, но не траеше долго. Очигледно сега ќе биде подолг период.

Новак Ѓоковиќ помина 373 недели на првото место, а сега е трет на листата зад Медведев и Александар Зверев.

На Ѓоковиќ му требаат уште четири недели за да го достигне тенискиот рекорд на Штефи Граф, која беше прва во светот цели 377 недели.

https://twitter.com/ATPHalle/status/1536325170658435073?s=20&t=NxMbaiKO482geTtGBkhUbA