Уругваецот на крајот на јуни ќе го прослави својот 23 роденден, а стана најскапото засилување во историјата на Ливерпул

Јирген Клоп го пофали Дарвин Нуњез по четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Бенфика. Потоа имаше можност во живо да види што може да направи напаѓачот кој беше стрелец на двата меча од дуелот против Ливерпул.

Раководството ја поддржа одлуката на Германецот и издвои 85.000.000 евра за Нуњез и со тоа го сруши клупскиот рекорд кој „важеше“ од доаѓањето на Вирџил ван Дајк во клубот.

Покрај обештетувањето, вицешампионот на Премиер лигата и Лигата на шампионите преку разни бонуси на тимот од Лисабон ќе му плати уште 15.000.000 евра.

А некои навивачи се прашуваат дали Ливерпул ја направи грешката на векот.

Многумина немаат грижа дека Нуњез ќе биде полн погодок по сезоната во која постигна 34 гола на вкупно 41 натпревар во сите натпреварувања.

Но, на социјалните мрежи кружи видео од потезите на напаѓачот, кој докажува дека тој не е првокласен фудбалер за кој еден клуб е подготвен да издвои вкупно 100.000.000 евра и да му понуди плата од близу 5.500.000 евра.

Погледнете како изгледа Нуњез на моменти:

Се разбира, тоа е само едната страна. Повеќето љубители на фудбалот се фасцинирани од она што Уругваецот може да го понуди на теренот.

Ова се најдобрите потези на Уругваецот од минатата сезона: