Преговорите помеѓу екипите на Барселона односно Манчестер Јунајтед на тема Френки Де Јонг завршија успешно. Холандскиот интернационалец ќе го чини тимот од Олд Трафорд 80. милиони евра, а се што го дели сега од дефинитивна преселба е договарање на личните услови.
Сега на ред е водството на Манчестер Јунајтед да го убеди Де Јонг да го напушти Ноу Камп и да се пресели во Англија, под услови кои секако дека ќе бидат подобри од оние во Барселона, со оглед на фактот што Јунајтед ни оддалеку не е во финансиски лоша состојба како Барса, напротив.
Де Јонг засега не дава дефинитивен одговор што помалку и внесува нервоза во таборот на Јунајтед кој сака оваа зделка да ја заврши до крајот на неделава, и од понеделник што се вели да се префрли на друга тема.