Австралискиот борец со македонски корени Александар Волкановски повторно ќе го брани појасот во перолесна категорија, а негов противник по третпат во кариерата ќе биде Макс Холовеј.

Во првите две битки славеше Волкановски, кој најпрво му го одзема појасот на Холовеј, а потоа го одбрани во втората борба по тешка и крвава битка во пет рунди.

Борбата меѓу Волкановски и Холовеј е закажана за 3 јули од 04.00 часот, додека на истиот настан ќе се соочат и Израел Адесања и Џеред Кенонир.