Лос Анџелес го освои 56. Супербол со драматична победа од 23:20 над Синсинати Бенгалс, спречувајќи една од најголемите сензации во историјата на НФЛ.
Еден од најзабележителните моменти беше кога Одел Бекам Јуниор, еден од клучните играчи на Рамс, кој одлично го отвори натпреварот примајќи го првиот тачдаун, тешко го повреди левото колено. Неговиот пад со болна гримаса ја шокираше публиката и накратко замрзна десетици милиони Американци пред телевизиските екрани.
Тој само ја испушти топката и падна на тревникот фаќајќи го левото колено. Беше јасно дека Бекам нема да може да го продолжи мечот, што драстично ги намали опциите на Овните во нападот.