Футсал репрезентацијата на Македонија претрпе убедлив пораз од Шведска на гостувањето во Алингсас со 2:5 .

Ние отворивме со гол во втората минута на Петровиќ, но Шведска брзо изедначи, а тоа беа и единствените два гола во првиот дел. Брзо на стартот Швеѓаните поведоа, Мицевски се погрижи за изедначување на 2:2.

Натпреварот беше решен во последните десет минути кога ние попуштивме, а Шведска го покажа квалитетот и постигна три гола за убедлива победа.