Мароканецот Висам Бен Једер беше првото име на Монако, откако со асистенција и гол му пресуди на Лион, прво асистирајќи му на Жан Лукас да даде гол по две минути игра, а потоа во 27-та да погоди на додавање на Диоп за дуплирање на водството и практично победа. Потоа Монако само рутински знаеше да ја одржи предноста и на Лион да не му дозволи да се врати во мечот, па со десеттата победа сезонава, „кнезовите“ дојдоа до 36 бода на контото на четвртото место.
Лион, пак, со шестиот пораз остана на 34 бода и сега е осми по 23 рунди во најелитната француска лига.