Мајкл Џордан, Дејвид Бекам, Том Брејди и Луис Хамилтон се фотографирани заедно на Формула 1 трката во Мајами
Ја добивме најскапата спортска фотографија на светот! Сликана е на Формула 1 трката во Мајами минатиот викенд, а на својот Инстаграм профил ја објави Дејвид Бекам.
А на него се четири спортки легенди – заедно тежат околу 2,7 милијарди долари, а во своите витрини имаат толку многу трофеи и медали што веројатно не го ни знаат нивниот број.
Ако ги броиме само најголемите – освоија 41 титула! Се наредија еден до друг – најдобриот кошаркар во историјата Мајкл Џордан, најдобриот американски фудбалер Том Брејди, седумкратниот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон и една од најголемите фудбалски ѕвезди во историјата Дејвид Бекам.
Џордан го предводи овој тим, неговата популарност не опаѓа иако има речиси 60 години, богатството на славниот кошаркар се проценува на 1,7 милијарди долари. Бекам не е само поранешен фудбалски старец, по завршувањето на кариерата разви бизнис во различни правци, а на располагање има околу 450 милиони долари.
Луис Хамилтон како еден од најбогатите возачи има околу 285 милиони а Том Брејди околу 250 милиони …