Елмас сезонава поради повреда прескокна само еден меч во сите натпреварувања, а наполитанските медиуми веќе му ги избројаа 124-те настапи во некомплетните три сезони и веќе со следниот меч на кој ќе игра ќе ја прескокне калчо-иконата Пандев, кој од 2011 до 2015 година беше дел од Наполи, по што замина во турски Галатасарај, а после само една сезона се врати на Чизмата и мина шест години во Џенова, пред зимава да се пресели во Парма.
„Елмас го достигна својот славен сонародник Горан Пандев со завршните минути што ги одигра во Торино, па дојде до 124-от меч во дресот на наполитанците и со тоа е на 108-та позиција по број на настапи за овој италијански калчолигаш на вечната листа“, објавија наполитанските медиуми.
Пандев не е далеку од влез во „топ 100“, а од поодамна најавија дека е можно да стане најмладиот фудбалер во историјата на Наполи кој стигнал во вакво друштво по број на одиграни средби.