Меѓу најпознатите имиња кои се достапни за трансфер се холандските репрезентативци Мемфис Депај и Френки де Јонг. Од овие двајца клубот може да инкасира околу 100 милиони евра па затоа и се наоѓаат на продажба, а не зошто Чави е незадоволен од нивните игри. Сигурно заминува вториот голман Нето, а од одбраната слободни се Самуел Умтити, Клеман Ленгле, Оскар Мингеза и Серџињо Дест. На трансфер-листата исто така се наоѓа и Рики Пуиџ.
Ова покажува дека Барселона ќе се обиде да направи вистински ремонт во тимот, а со оглед на фактот дека и Усман Дембеле е на излезни врати, бидејќи му истекува договорот, на „Камп Ноу“ летово ќе има многу нови имиња.
Засега неофицијално се шпекулира дека Франк Кеси и Андреас Кристенсен доаѓаат како слободени агенти.