Партизан не ги искористи шансите и по два месеца загуби на домашен терен, а Виртус е втората екипа, по Барселона, која успеа сезонава да го совлада Партизан во белградската Арена.
Виртус беше подобар од белграѓаните со 77-75 и сосема заслужено дојде до триумф, водеа во текот на целиот меч. Во првата четвртина имаа +11, во втората и третата +13, а сепак Партизан успеа натпреварот да го внесе во неизвесна завршница.
Домаќините имаа шанса и за целосен пресврт, но пропуштија да го зададат завршниот удар. На 40-тина секунди пред крајот, при водство на Виртус од 73-72, прво Ледеј промаши отворен шут за тројка, а откако Јарамаз се избори за офанзивен скок, Кабокло направи лична грешка во напад.
Во драматичниот финиш, гостите беа посигурни, а последната шанса за победа ја имаше Камински во последната секунда кога шутираше за тројка, но за малку не успеа да погоди.
Нанели постигна 19 поени и беше најефикасен кај Партизан, а Лундберг со 16 поени и Белинели со 14 го предводеа Виртус. Ова беше прв пораз на Партизан на домашен терен по 17 октомври кога загуби од Барселона. Во исто време, по серијата од девет победи во сите натпреварувања, белградскиот тим го претрпе третиот пораз по ред.
По израмнетиот старт Италијанците поведоа двоцифрено. Иако Партизан еднаш се врати до егал, пак Виртус дојде на +13, но на одмор замина со 36-41. Србите бркаа негатива и во третиот период дојдоа најблизу до два поени. Во финишот на дуелот тензијата растеше и ветуваше драма.
Пенал завршницата му одговараше на гостинот, кој го издржа налетот и слави на жешкото гостување во Белград.