Кошаркарите на Анадолу Ефес се пласираа во финалето на Евролигата откако во „Штарк арената“ го совладаа Олимпијакос со 74:77 (21:18, 22:24, 20:24, 11:11).
Исклучително квалитетниот меч беше решен во последниот напад со тројката на МВП-то на Евролигата од минатата сезона, Василије Мичиќ, кој на тој начин го одведе Ефес во финалето, а турскиот тим ќе има можност да го одбрани трофејот освоен минатата година.
Олимпијакос ја контролираше играта на почетокот на мечот, потпирајќи се на Шејн Мекисик и Мустафа Фол, за кои често се правеа акции. Ефес не доаѓаше така лесно до ситуација да погодува од полудистанца, што очајно им требаше на отворањето. Атмосферата не им помогна и можеби таму се бара причината за нивната блага нервоза. Поминаа четири минути без ниту еден поен, што е најдобар доказ за тоа. Сепак, серијата од пет поени на Брајан Данстон, а потоа и тројките на Шејн Ларкин и Елајџа Брајант, ја стопија почетната предност на Олимпијакос и следеше пресврт.
Василије Мициќ го немаше во поголемиот дел од првото полувреме. Ларкин беше иницијатор на Ефес во моментите кога мечот беше во полн ек, а дури на крајот се приклучи Мициќ со две значајни тројки. На спротивната страна имавме сличен случај. Тимот на Барцокас беше лишен од поентерската помош на најдобриот играч Саша Везенков, кој не постигна кош во првото полувреме. На пауза се замина со минимална предност на грчкиот тим.
На стартот од вториот дел, Ефес заигра поенергично, Елајџа Брајант продолжи со беспрекорниот меч и стрелаше без промашување во првите 25 минути (2/2 за два и 4/4 за три). Но, се покажа дека тоа е крајот бидејќи неговиот следен обид беше премногу краток. Набргу потоа ја имавме првата двоцифрена предност на мечот. Олимпијакос делуваше немоќно, а тројката на Мициќ им донесе 11 поени предност на гостите.
Навивачите на Олимпијакос ниту за момент не се предадоа и не беа обесхрабрени од предноста на ривалот. Саша Везенков го запали огнот со своите први поени во играта кога постигна тројка и разликата постепено се намалуваше. Нивото на блескавост повторно порасна по ударот од далечина на Шејн Мекисик за 63:66 во последната секунда од третата четвртина.
После тоа се играше на една топка. Олимпијакос беше блиску, но Ефес горе-долу ги одби нападите на ривалот. Ефес беше одличен во шутот однадвор и тој сегмент од играта беше нивен најголем сојузник. Од друга страна, полудистанцата остана енигма од почетокот на дуелот.
А потоа – драма. Такво нешто заслужи овој меч, организациски, играчки и атмосферата што ја следеше. Со поените на Хасан Мартин под кошот на 20 секунди до крајот резултатот беше 73:73. Василије Мициќ ја презеде одговорноста во последниот напад и од дриблинг погоди нереална тројка за целосен молк во „Арената“.Повторно погоди кога беше најважно и Ефес доби уште едно финале.
Шејн Ларкин постигна 21 поен во редовите на Ефес, 16 Елијџаа Брајант, Мициќ додаде 15. Во спротивниот табор Мартин, Дорси и Слукас имаа по 11 поени, а причината за поразот Олимпијакос ја бара во Саша Везенков , кој имаше шут 1/8 за три и 1/2 за два.
Финалната пресметка е закажана за в сабота од 19 часот, а Ефес противникот ќе го дознае по натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид кој започнува вечерва од 21 часот.