Кошаркарската репрезентација на Србија загуби од САД со 91-95 во полуфиналето на Летните олимписки игри во Париз, иако доминираше и на две минути до крајот имаше предност против Американците.
Србија беше расположена во нападот во првата четвртина која ја освои со 31-23, а САД не успеа да се разбуди ниту во втората четвртина, па му дозволи на нашиот северен сосед да поведе со 54-43 на паузата.
Српскиот див Никола Јокиќ и другарите посебно Аврамовиќ и Богдановиќ продолжија со одличната игра и во третата четвртина, каде што повторно беа подобри од Американците со 22-20, односно во последните 10 минути влегоа со водство со 76-63.
Србите се држеа и на почетокот на последната четвртина, но потоа почнаа проблемите, па САД на седум минути до крајот намали на пет поени негатива (73-78). Американците се разиграа во завршницата и триумфираа со 95-91.
Најефикасни во победничкиот состав беа Стеф Кари со 36 поени и Џоел Ембид со 19, Леброн Џејмс имаше „трипл-дабл“, додека кај Србија најдобар поединец беше Богдан Богдановиќ со 20 поени, а Никола Јокиќ додаде уште седумнаесет. САД во големото финале ќе се судрат со селекцијата на домаќинот, Франција, во борбата за златниот медал на кошаркарскиот турнир во Париз.
САД ќе се бори против Франција за златниот медал, додека Србија ќе се соочи против Германија за бронзата.