Шпанскиот првак Реал Мадрид киксираше на „Сантјаго Бернабеу“, одигра нерешено без голови против незгодниот Реал Сосиедад. Големиот ривал Барселона избега на плус пет во трката за шампионската титула после 19-то коло, последно од првиот круг на сезоната.
Неочекувано бледо одигра „кралскиот клуб“ а првата ѕвезда Карим Бензема ја имаше најголемата шанса во 35-та минута. Реал Мадрид доминираше на теренот, но сепак не успеа барем со еден гол да дојде до победа и да остане близу до својот најголем ривал.
Со третото сезонско реми, Реал има сега 42 бода, а Барселона со 47 е на првото место на табелата, додека Реал Сосиедад со третото реми дојде до 39 бода на третата позиција на табелата.