Покрај тоа што беше успешен на спортскиот фронт со освојувањето на Лигата на шампионите , Ла Лига шпанскиот Суперкуп и европскиот Суперкуп, Реал Мадрид објави дека и покрај пандемијата, остварил и профит во финансиската година.
Реал Мадрид ја затвори финансиската 2021/22 година со профит од 13 милиони евра (13,19 милиони долари), објави Кралскиот клуб. Клубот успеа да остане во профит во текот на трите финансиски години погодени од пандемијата COVID-19, се додава.
Во сезоната 2021/22, Реал ја освои рекордната 14-та европска титула кога го победи Ливерпул со 1:0 во финалето на Лигата на шампионите, а ја освои и титулата во шпанската лига и шпанскиот Суперкуп.
Клубот објави дека готовинското салдо заклучно со 30 јуни 2022 година, без проектот за реновирање на стадионот, изнесува 425 милиони евра, додека загубата на приходи поради пандемијата од март 2020 година достигна 400 милиони евра.
„Оперативните приходи за финансиската 2021/22 година достигнаа 722 милиони евра, што е зголемување за 69 милиони евра (10 отсто) во однос на претходната година, бидејќи економските ефекти од пандемијата постепено се намалуваат“, се вели во соопштението на клубот.
Сепак, беше додадено дека приходите сè уште се под влијание на пандемијата.
Нето долгот на клубот, без проектот за реконструкција на стадионот, достигна вредност од 263 милиони евра на 30 јуни 2022 година, се додава во соопштението на клубот.