Јувентус со два гола на Душан Влаховиќ, негови први после 115 дена пауза и еден на Филип Костиќ ја совлада Салернитана на гости со 3-0 и ја прекина серијата од три меча без победа (два порази) во натпревар од 21-то коло во Серија А.
„Старата дама“ загуби 15 бода од тековната сезона поради трансфер-малверзации и фиктивен буџет првпат победи по пауза од еден месец и триумфот на 7 јануари против Удинезе со 1-0. Блескаа српските репрезентативци, Влаховиќ ја најави победата со гол од пенал во 26-та мин., па му асистираше на Костиќ за дуплирање на предноста во 45-та минута. Две минути во вториот дел, Влаховиќ го даде својот втор гол, а трет за Јувентус и стави печат на триумфот.
Јувентус сега има 26 бода и е десетти, но торинскиот великан има шанса за Европа и преку Купот на Италија.
Салернитана го запиша десетиот пораз и остана на 21 бод на 16-то место, сѐ уште со солидна предност од најзагрозените и првата во црвената зона Верона, која е на минус седум со 14 бода.