Во големото дерби на англискиот фудбал на Олд Трафорд, Манчестер Сити рутински го победи домаќинот Јунајтед со 2-0. Мрежата на Де Геа во 8. минута ја начна Бејли со автогол откако несмасно се обиде да расчисти една ситуација пред својот гол, а Бернардо Силва погоди за конечни 2-0 во судиското продолжение од првото полувреме.
Со оглед на шансите, Сити можеше целосно да го разбие очајниот домаќин. Да не беше Де Геа на голот, Јунајтед можеше да доживее катастрофа.
Поседот на топката на граѓаните беше 68% и едноставно не му дадоа можност на противникот да направи нешто повеќе.
Сити скокна на второто место со 23 бодови, два помалку од водечкиот Челзи, додека Манчестер Јунајтед е петти со 17 бодови.