Напаѓачот на Арсенал, Фоларин Балогун, игра како позајмен во француски Реимс. Тој моментално е најдобар стрелец во француската Лига 1 со 14 постигнати голови во досегашниот дел од шампионатот.
Момчето родено во Њујорк во 2001 година ги остави зад себе ѕвездите на Пари Сен Жермен и светскиот фудбал, Мбапе, Меси и Нејмар, а неговите „овни“ играат феноменално под водство на младиот тренер Вилијам Стил кој има само 30 години.
Балогун синоќа уште еднаш блесна, постигнувајќи хет-трик во победата на Реимс над Лориен од 4-2. Ова беше 13. натпревар по ред за Реимс во Лига 1 без пораз. Претходно, Балогун го шокираше и ПСЖ на „Паркот на принцовите“.
Следната сезона Балогун ќе се врати во Арсенал, каде што израсна, но досега одигра само два натпревари за првиот тим на „топчиите”.