Дека Валјадолид ќе победи јасно беше после само 22 минути од стартот на мечот кога домаќините веќе дадоа два гола. По само две минути Андрес Кристенсен си даде спектакуларен автогол, а Кајл Ларин во 22-та минута ја дуплираше предноста од пенал по несмасниот старт на Гарсија, па до крајот на натпреварот, Гонзало Плата во 73-та минута го постигна третиот гол на асистенција на Ларин за заверка на победата.
Домашните погодија и две стативи па Барса можеше да доживее права катастрофа.
За да не биде баш тотален дебакл, Роберт Левандовски се погрижи со почесен гол за Каталонците на шест минути пред крајот по една индивидуална акција.
Валјадолид со оваа 11-та победа дојде до 38 бода и е прв над црвената зона, сега три повеќе од Хетафе кој падна во зоната за испаѓање со меч помалку кој утре ќе го одигра кај Бетис. Валјадолид немаше победа пет меча по ред и дојде првакот без никакви амбиции, па им даде важни три бода.