Во мексиканското фудбалско првенство играа екипите на Керетаро и Атлас, а на крајот гостите победија со 2:1. Покрај трите гола, овој натпревар го одбележа и една необична ситуација која се случи во 62-рата минута, кога еден домашен фудбалер доби директен црвен картон.
Омар Мендоза е фудбалер кој за најбизарна ситуација е исклучен по прегледување на ВАР-системот. По еден дуел на средината од теренот, Мендоза неспортски се послужи со рацете и направи еден многу непромислен потег. Фудбалерот на домаќините му стави прст во аналниот отвор на противникот.
Овој срамен потег беше забележан од судиите во ВАР-собата и му сигнализираа на главниот арбитер да ја погледне забавената снимка, а таму многу добро се гледа неспортскиот момент.