Иако веќе од поодамна парите го вртат фудбалот, па кој клуб има повеќе пари поконкурентен е на фудбалскиот пазар и може да си донесе што сака, Њукасл е доказ дека сепак со пари сѐ не може да купат, посебно не – големи фудбалски ѕвезди. Дали имаше отпор зимава од другите клубови или позицијата во битката за опстанок беше непривлечна, останува отворено прашање, но на „Сент Џејмс Парк“ од тоа што посакуваа само Киран Трипие и Бруно Гимараеш дојдоа.
Зимава Њукасл го одбија Душан Влаховиќ (замина во Јувентус за 75 милиони евра), Осман Дембеле (остана во Барселона), толку посакуваниот Диего Карлос (остана во Севилја) за кој и 45 милиони евра беа малку за да го земат, па Стивен Ботман (понудени 40 милиони на Лил), Габи-гол (17 милиони на Фламенго), Робин Госенс (30 милиони на Аталанта), кој замина во Интер, Дарвин Њуњес (50 милиони на Бенфика)..