Мандава потпиша три и пол годишен договор со „црвено-белите“ и ја засилува левата странична позиција, а станува збор за ол-раунд фудбалер кој може да игра и на бек и на крило, па треба да биде сериозно засилување за четата на Диего Симеоне.
Овој фудбалер лани беше избран во тимот на сезоната во француската Лига 1, откако со Лил стана првак на Франција, а досега има 31 настап за репрезентацијата на Мозамбик и два гола.