Италијанката Софија Гоџа е победничка на првиот спуст во новата сезона на Светскиот куп, а до него стигна со импресивно возење на патеката во Лејк Луис, каде што ја надмина второпласираната Американка Бризи Џонсон за речиси секунда и половина (+1,47)
За 29-годишната Италијанка, која минатата сезона го освои малиот кристален глобус во спуст , ова беше победнички кам-бек по повредата што ја принуди да го пропушти Светското првенство на домашен терен во Кортина д’Ампецо. Во Лејк Луис, таа беше посебна класа во споредба со другите и патеката ја помина за 1: 46,95 минути. Ова беше нејзина 12-та победа во Светскиот куп, а деветта во спуст.
Заедно со Американката Џонсон, место на победничкиот подиум освои и Австријката Мирјам Пучнер, која заостана 1,54 секунди од победничката.
На стартот на оваа трка беше Американката Микаела Шифрин, која ретко се натпреварува во брзи дисциплини, а дека брзината не и е туѓа покажа со освојувањето на 26. место и пет нови бодови.
Така во генералниот пласман на Светското првенство ја зголеми предноста во однос на второпласираната Словачка Петра Влхова на 25 бодови.
Скијачите в сабота (20.30 ч.) ќе возат уште еден спуст во Лејк Луиз, а во недела (18.30 ч.) е закажан супервелеслалом.