Екипата на Жозе Мурињо уште во првото полувреме ја најави победата, откако голови постигнаа Дибала и Санчез, а потоа автогол си постигна Граси.
Дибала зголеми на 4-0 во 55. минута, по што стана јасно дека Емполи не може да избегне пораз, а до крајот на натпреварот стрелаа и Кристанте, Лукаку и Манчини.
Рома има четири бода на 12. место на табелата, додека Емполи е последен без бодови.