Германскиот натпреварувач Јоханес Лудвиг освои златен медал во санкање на Зимските олимписки игри во Пекинг, во сингл конкуренција.
Лудвиг беше во водство во сите четири возења и дојде до победа со вкупно време од 3:48.735 минути.
Ова беше трет олимписки медал за 35-годишниот натпреварувач, по екипното злато во 2018 година и бронзата во Пјонгчанг во сингл.
Среброто го освои Австриецот Волфганг Киндл, кој заостана 0,160 секунди, додека Италијанецот Доминик Фишналер ја освои бронзата со заостанување од 0,951 секунди.
Двократниот олимписки шампион од Ванкувер и Сочи, Германецот Феликс Лох го освои четвртото место (1.143).