Извонреден фудбал се игра на Камп Ноу во првото полувреме помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид.Гостите први дојдоа во водство со голот на Јани Караско уште во 8мин. на асистенција на поранешниот голгетер на Барса Луис Суарез.Радоста на јорганѓиите многу кратко траеше кога Жорди Алба со извонреден удар  од ивицата на шеснаесеттерецот ја закова топката во горниот десен агол.Права мајсторија и феноменален гол за израмнување на резултатот.По само 10 мин. ерупција на Камп Ноу за голема радост на навивачите на Барса,донесе  суперталентот Гави.Тој скокна највисоко во шеснаесетникот на гостите  и со удар со глава носи водство за Барса 2:1.После неколку пропуштени шанси и на двете страни, во 43мин .централниот дефанзивец на Барселона Роналд Араухо кој игра во извонредна форма,после одбиена топка постигнува гол за водство од 3:1 и мирно  второ полувреме.Но сепак и во вториот дел се очекува да продолжат во истиот ритам,со голема и беспоштедна борба.