Во директниот дуел за третото место во групата Ц, Словачка славеше против Летонија со 5:2 и од подобра позиција оди во осминафиналето на олимпискиот турнир .

По двата убедливи порази на стартот од Финска и Шведска, Словачка дочека полесен дуел и забележа победа. Противник беше Летонија која не успеа да изненади.

Словаците заслужено славеа, беа подобар противник и тоа го материјализираа на мразот каде на крајот победија со 5:2.

Словаците поведоа во 11. минута со голот на Маринчин, но во крајот на првиот период Кенинс израмни на 1:1 и ја врати Летонија во игра.

Второто полувреме им припадна на Словаците, Чехларик и Слафковски зголемија на 3:1, а Словачка не ја вознемири ниту раниот гол на Летонија во третиот период кога Индрасис погоди за 3:2.

До крајот на мечот Зузин и Јурчо ја однесоа Словачка до конечни 5:2 и го обезбедија третото место.

Група Ц, трето коло:
Словачка – Летонија 5:2

Табела:
1. Финска 6
2. Шведска 6
3. Словачка 3
4. Летонија 0