Германскиот натпреварувач Винченц Гајгер освои златен медал во нордиска комбинација на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Гајгер победи на трката во крос кантри на 10 километри со резултат 25:07,7 минути.
Тој претходно го зазеде 11. место во првиот дел од натпреварот во ски скокови и мораше да ја надополни разликата од една минута и 26 секунди.
Норвежанецот Јорген Гробак го освои сребрениот медал со 0,8 секунди заостанување. Тој беше деветти во ски скокови со 114,1 бодови.
Австриецот Лукас Грејдерер ја освои бронзата со 6,6 секунди заостанување. По скоковите беше втор со 123,4 поени.
Првопласираните по скоковите на Риото Јамамото од Јапонија (133 поени) го заврши натпреварот на 14. место со 1:46,6 минути заостанување зад победникот.
Тој имаше 38 секунди предност во однос на првиот пратител Грејдедер по скоковите.
Еден од фаворитите, Норвежанецот Јарл Магнус Рибер, не настапи поради корона вирусот, како и трикратниот олимписки шампион, Германецот Ерик Френсел.
Во нордиската комбинација, натпреварувачот кој ќе забележи најголем скок и ќе добие највисоки оценки од судиите ја започнува трката како првопласиран, а потоа следат натпреварувачите по редоследот постигнат во ски скоковите.
Нордиската комбинација е олимписки спорт уште од првите Зимски игри во 1924 година во Шамони.