Швеѓанките одлично се снајдоа во финалето во спринт, златото и припадна на Јона Сандлинг додека бронзата и припадна на Маја Далквист .
Швеѓанката Јона Сандлинг е победничка во крос-кантри спринтот, убедливо пред сонародничката Маја Далквист и Американката Џеси Дигинс.
Така, кариерата на Сандлинг го достигна својот врв. Пред четири години не беше толку добра, не настапи ниту на последната Олимпијада, но со текот на времето стана подобра,се специјализираше за спринт каде почна да бележи победи на Светскиот куп.
Првиот голем, многу голем резултат го постигна минатата година на Светското првенство во Оберстдорф, каде го освои златото во спринт и индивидуално и екипно и дојде во Пекинг како еден од фаворитите.
Тука таа апсолутно доминираше во финалето, побегна уште на почетокот и не се предаде. На крајот таа ја однесе победата со големи 2,88 секунди пред сонародничката Далквист, додека Дигинс заостана повеќе од три секунди.
Спринт финале:
1. Јона Сандлинг (Шведска) 3: 09.68
2. Маја Далквист (Шведска) +2,88
3. Џеси Дигинс (САД) +3,16
4. Рози Бренан (САД) +4,49
5. Надин Фаендрих (Швајцарија) +7,21
6. Ема Рибом (Шведска) +11.11