Руската лизгачка Камила Валиева (15) е позитина на допинг тест, објавија светските медиуми.
Валиева била позитивна за забранетиот лек за срце пред Игрите во Пекинг, објави рускиот весник РБЦ.
Примерокот, наводно, бил добиен пред Валиева да го освои Европското првенство минатиот месец во Естонија.
Младата суперѕвезда, која се очекуваше на својата нација да и го донесе третиот олимписки златен медал во уметничко лизгање за жени, тренираше вообичаено, неколку часа по пријавата дека паднала на допинг тест, пренесува АП.
Прашањето е кои се следните чекори на Русија.
Појавувањето на Камила на тренингот имплицира дека федерацијата не прифаќа никакви наоди кои би ја елиминирале.
„Таа не е суспендирана“, изјави Олга Ермолина, портпарол на Руската федерација за уметничко лизгање, без дополнителни детали.