Фудбалерите на Милан го декласираа Лацио со 4-0 во четвртфиналето од Купот на Италија на Сан Сиро. Се беше готово веќе во првиот дел. Домаќинот дојде до недостижни 3-0 голови во последните дваесет минути од полувремето со головите на Рафаел Леао и Оливие Жиру.
Конечниот резултат го постави Франк Кесиево 79. минута.
Милан на тој начин обезбеди полуфинале против големиот градски ривал Интер, кој се пласираше таму по вчерашната победа против Рома (2:0).