Вечерва на 26 јули, ќе започнат Летните олимписки игри во Париз, каде што голем број спортисти ќе се борат за да остварат што е можно подобар пласман.
Отворањето на големото натпреварување е закажано за 19.30 часот, кога над 10.000 спортисти ќе се појават со знамињата на своите земји.
На ЛОИ во Париз ќе настапат шест македонски спортисти, и тоа Владимир Егоров во борење, Никола Ѓуретановиќ во пливање, Еди Шерифовски во џудо, Милијана Релиќ во таеквондо, Дарио Ивановски во атлетика и Анастасија Мојсовска во стрелаштво.