Денеска почнуваат Летните олимписки игри во Париз, а веќе голем број медиуми меѓу кои и „Њујорк Пост“ ја прогласија Германката Алиша Шмит за најсексапилната атлетичарка на игрите.
Шмит се квалификува во мај на Олимписките игри откако учествуваше во штафетата 4х400 метри, а најголемите успеси ги имаше токму во оваа категорија кога освои сребрен медал на јуниорското европско првенство.
На социјалните мрежи има пет милиони фанови, а често објавува фотографии кои ќе ве остават без здив.